Нексе Нашице - Еурофарм Пелистер 29-26 (12-10)
Еурофарм Пелистер загуби со 29-26 на гостувањето кај Нексе во рамки на првиот осминафинален натпревар во Европската лига на ЕХФ.
Битолчани само еднаш водеа во првото полувреме со 7-8 и во најголем дел од натпреварот го бркаа противникот. Нексе го заврши првиот дел со 4-1 и на паузата заминаа со 12-10. Во вториот дел тимот од Нашице имаше и највисоки +4, а Пелистер дојде до 27-26. Сепак во финишот избраниците на Жељко Бабиќ не реализираа пенал, па Хрватите завршија со 2-0 и конечен триумф од 29-26.
Граџан со шест гола и Табоада со пет беа најефикасни во таборот на битолчани додека голманот Секељ имаше 15 одбрани. Реваншот е во Битола за седум дена.