Иако во својата историја има финале на Челинџ Купот и полуфинале на Купот на победниците на Куповите, Еурофарм Пелистер може да оствари голем успех во последните две децении, ако го елиминира хрватскиот клуб Нексе од ЕХФ Лига Европа. Пред првиот дуел во Нашице пелистерци нормално тренираат и со оптимизам го чекаат соочувањето со Јагањец и другарите.
„Се спремавме за Вардар и добро се подготвивме и ништо помалку не очекувам и за дуелот во Нашице. Спремни ќе бидеме и ќе оставиме срце на терен. Нексе е незгоден ривал, имаат добра транзиција, цврсти се во одбрана, играат на многу голови и тоа се некои работи кои треба да им ги затвориме за на крајот да победиме“, смета Мараш.
Првиот дуел меѓу македонскиот и хрватскиот вицешампион е во вторник попладне во Нашице, а возвратнуот натпревар на 5 април во „Боро Чурлевски“ во Битола.