По одличната групна фаза Еурофарм Пелистер се насочува кон елиминационите натпревари во ЕХФ Лига Европа, Еурофарм Пелистер се наоѓа пред хрватски предизвик. Од неделата екипа е во Нашице, каде утре попладне ќе се соочји со Нексе во осминафиналето.
Освен Мартин Велковски, кој е повреден и нема да игра до крајот на сезоната, Бабиќ ги поведе со себе сите ракометари.
„Се одлучивме да го подготвуваме натпреварот против Вардар и тоа добро испадна. Сега имаме три дена да се одмориме, да се подготвиме дефанзивно и офанзивно, да видиме кои карактеристики ги има Нексе. Треба побрзо ментално да се одмориме и со истата енергија и желба да се обидеме да обезбедиме што е можно подобар резултат.
Нексе е добра дефанзивна екипа и тркачки добра екипа. Веќе имавме еден натпревар против нив, тоа беше добро искуство, Верувам дека ќе се одмориме, ќе се припремиме и ќе бидеме спремни на нивното брзо трчање, на неговиот брз центар и на агресивната одбрана“, смета Жељко Бабиќ.
На пелистерци во Нашице ќе им судат босанските судии близнаци Амар и Дино Коњичанин. Арбитрите важат за најдобри во својата земја и имаат искуство и од големите собири на ЕХФ и ИХФ.