Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 23-24 (11-12)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер продолжуваат со победи во плеј-офот. Екипата на Жељко Бабиќ го поведи Вардар 1961 среде Скопје со 23-24 (11-12) и го мина првакот на табелата.
Првиот дел мина целосно изедначено, се играше гол за гол, а одбраните делуваа цврсто и непроодно. Во 23. минута Вардар 1961 прв посегна по одлепување и преку Талески и Моралес поведе со 9-7. Сепак, следеше серија на пелистерци, голови на Мараш и 11-12 на крајот од првиот дел.
Вториот дел целосно им припадна на пелистерци. Кизиќ се разбрани, Табоада, Танкоски и Мандалиниќ го полена голот на скопјани Еурофарм Пелистер поведе со +4. Во последните пет минути Вардар 1961 креираше пресврт. Се врати до -1, но во последните секунди Кизиќ го одбрани ударот на Додиќ и пелистерци славеа со 23-24.
Со по шест погодоци најефикасни на натпреварот беа Реиниер Табоада и Тимур Дибиров, додека пет дадоа Стипе Мандалиниќ и Куни Моралес.
Ракомет
Суперлига – плеј-оф
Второ коло:
Спортска сала „Јане Сандански“ - Скопје
Гледачи: 3.000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Вардар 1961:
Ристовски, Томовски, Стоилов 1, О. Њокас 2, Георгиевски, Карапалевски 1, Диало, Савревски, Тото 3, Гаџа 1, Талески 3, Дибиров 6, Додиќ, Ѓукиќ 1, Моралес 5, Мишевски
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 4, Ојлески 1, Маркоски 2, Маџовски, Кукуловски, Мандалиниќ 5, Радовиќ, Танкоски 2, Костески, Кукоски, Божиќ Павлетиќ 3, Граџан 1, Обрадовиќ, Табоада 6
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 8 минути