Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги одреди термините и саатниците за натпреварите во Европската лига на ЕХФ каде имаме еден македонски претставник, тоа е Еурофарм Пелистер.
Битолчани ја минаа групната фаза како втори и во осминафиналето ќе се судрат со хрватскиот вицепрвак Нексе. Веќе се одредени термините, првиот натпревар се игра во Нашице, а е закажан на 29 март од 18:45 часот.
Реванш натпреварот ќе се игра во Битола и е закажан на 5 април исто така од 18:45 часот. Победникот од овој двомеч ќе се судри со подобриот од двомечот меѓу ГОГ Гудме и Бидасоа Ирун.