Ракомет
Куп на Македонија
Четвртфинална група
Алкалоид - Еурофарм Пелистер 26-32 (13-16)
Фаворитот Еурофарм Пелистер го победи Алкалоид со резултат 26-32 во полуфиналето од групната фаза во Купот на Македонија. Битолчани ја оправдаа фаворитската улога и покрај солидниот отпор што им го пружи скопскиот прволигаш пред околу илјада љубители на ракометот.
Избраниците на тренерот Бабиќ уште на самиот почеток наметнаа силно темпо, успевајќи да поведат со 3-8 по само десетина минути игра. Искусниот состав на битолчани потоа знаеше како да ја одржи удобната предност, на полувреме заминувајќи со водство од 13-16. Пелистер потоа замина на +5 во раната фаза од второто полувреме, за на крајот да триумфира со конечни шест гола разлика.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески
Алкалоид:
Галевски 1, Ермоноски, Стојков 4, Серафимов 2, Илиевски 4, Омерагиќ, Ѓорѓиев 6, Ивановски 2, Симоновски 3, Тодески, Кофиловски, Димовски 1, Костовски 1, Георгиевски, Стојковиќ 2, Узунчев
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Пелистер:
Кизиќ, Ивановски, Мараш 2, Ојлески 2, Маркоски 2, Маџовски 1, Кукуловски 3, Мандалиниќ 4, Радовиќ 1, Танкоски 4, Костески 5, Кукоски 1, Божиќ Павлетиќ 4, Ризоски, Обрадовиќ, Табоада 3
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 12 минути
Вечерва во финалниот натпревар на четвртфиналната група Еурофарм Пелистер ќе се сретне со поуспешниот од натпреварот Охрид - Драчево.