Во организација на „Balkan-handball“ и Факултетот за спорт „Никола Тесла“ од Белград на 12 и 13 март во Белград ќе се одржи дводневна конференција насловена „Handball-talks“.
Предвидени се панел-дискусии, предавања и проекции, а во дискусијата за иднината на ракометот во регионот ќе учествуваат Зоран Стерјев (претседател на РК Еурофарм Пелистер), Јосип Ерговиќ (претседател на РК Нексе Нашице), Милан Ѓукиќ (РК Војводина) и Горан Цвијиќ (генерален секретар на Ракометната федерација на Словенија).
Предвидени се излагања на големи имиња на ракометниот спорт, како Владо Штенцл, Лино Червар и Зоран Живковиќ, како и многу други ракометни авторитети од регионот.