Антонио Николовски од денес е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Тој веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Јовиќ и стручниот штаб. Се работи за 23-годишен ракометар, специјалист за игра во одбрана. Николовски е поранешен кадетски репрезентативец и член на Вардар Јуниор, Работнички, Македонија Ѓорче Петров.
Неговиот договор со клубот е со важност до крајот на тековната сезона.
Новиот ракометар право на настап има уште од натпреварите овој викенд.