По ланското четврто место во групната фаза, Еурофарм Пелистер сега отиде чекор понатаму и го освои второто место во оваа фаза од натпреварувањето. Многу ракометари на Еурофарм Пелистер се најдоа на врвот на листите по своите инвидуални постигнувања.
Мандалиниќ е најдобриот стрелец на битолскиот состав со 56 гола. Со овој учинок Мандалиниќ обезбеди и место во топ 10 стрелци.
Прв стрелец по завршувањето на групната фаза Мохамад Санад од Ним, зад него следи Елисон од Лемго, Хрватот Јагањац, Агустин Касадо од Натурхаус Ла Риоха, Самуел Захенед, Елиас Елефсен, Емил Мадсен.