Еурофарм Пелистер пред домашната публика во Битола запиша убедлива победа против АЕК Атина од 30-19 и се пласира во осминафиналето на ЕХФ Лига Европа.
Голманот Мартон Секељи запиша 15 интервенции, меѓу кои и одбраната на колото. Во првото полувреме од дуелот Унгарецот му одбрани зицер на Шпанецот Кристијан Угалде. Медиа тимот на ЕХФ го прогласи овој потег за најдобра одбрана во десеттото коло.
Еурофарм Пелистер како второпласиран во групата Д на Лига Европа ќе игра против Нексе во осминафиналниот двомеч.