СЕХА Гаспром лигата на својот вонреден состанок во текот на денешниот ден донесе одлука да ги одложи на неодредено време сите натпревари од сезоната 2021/22. Целта е да се задржи регуларноста на натпреварувањето.
Натпреварот Еурофарм Пелистер - Татран, кој беше предвиден за десетти март во 18:00 часот, е одложен.
Клубовите дополнително ќе бидат информирани за следните чекори.