Мартон Секељи беше херојот на Еурофарм Пелистер во убедливата победа над АЕК Атина од 30-19, со одбранети 15 шута на противничките играчи.
Битолчани на почетокот се мачеа со противничките ракометарите и тоа со моментите кога влезе во елемент токму Секељи. Кога се разбрани Секељи им беше полесно на битолчани да го контролираат наптреварот и на крајот дојдоа до убедлив триумф од 11 гола разлика.
Унгарскиот репрезентативец кој по завршување на сезоната ќе се врати во Татабања, вели дека чувството е прекрасно да се игра пред „чкембарите“.
„Сакам да им се заблагодарам на гостите од Атина за убавите зборови на моја сметка и на екипата. Првото полувреме беше релативно тешко и нервозно, меѓутоа ние знаевме дека чека ваков натпревар. Подготвени бевме за нивната 5-1 одбрана и во вториот дел го покажавме вистинското светло. Честитки за „Чкембарите“ и за атмосферата која ја направија, беше фантазија и уживање да се игра во ваква убава атмосфера“, рече Секељи по натпреварот.
На крајот од март и почетокот на април против Нексе Нашице, пелистерци ќе бркаат четвртфинале на ЕХФ Лига Европа.