Еурофарм Пелистер - АЕК Атина 30-19 (10-8)
Еурофарм Пелистер го обезбеди пласманот во осминафиналето во ЕХФ Лига Европа каде што ќе игра против хрватски Нексе.
Македонскиот вицешампион одигра одличен натпревар и го декласираше грчкиот тим со 30-19. Со овој триумф Еурофарм Пелистер ја заврши групата со пет победи, два реми исхода и три порази што беше доволно за второто место на табелата.
Грците во првото полувреме имаа пост од цели десет минути, во кои Пелистер првпат се одлепи на плус три (7-4). Во тие минути и Грците играа добра одбрана, на чело со расположениот голман Петрос Буковинас. На паузата важеше 10-8 за Пелистер, а во второто полувреме настапи уште една „црна дупка“ за Грците. Не можеа да го најдат голот од 33. до 42. минута, а Пелистер во меѓувреме ја демонстрира целата своја сила, најпрво со серија од 5-0, а потоа и до максимални 11 разлика.
Еден од најзаслужните за победата беше голманот Мартон Секељи, кој натпреварот го заврши со 15 одбрани, одбрани и седум седмерци. Мандалиниќ беше прв стрелец со седум гола, Табоада постигна шест погодоци колку што постигна и Божиќ Павлетиќ шест