Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров го соопшти поширокиот список на играчи кои ќе бидат во конкуренција за бараж дуелот за пласман во квалификациите за Светското првенство против Романија.
Капитенот и предводникот на националниот тим на поширокиот список има 35 ракометари.
Десет ракометари на Еурофарм Пелистер се најдоа на поширокиот список:
- Марко Кизиќ
- Гоце Ојлески
- Никола Маркоски
- Дејан Кукуловски
- Ненад Костески
- Благојче Трајкоски
- Петар Атанасијевиќ
- Павле Атанасијевиќ
- Емилијан Ѓоргоски
- Цветан Кузманоски
Собирот е закажан за почетокот на следната недела, а првиот натпревар со Романците го играме на 17 овој месец во Скопје.