Ракомет – Суперлига
(плеј-оф) – прво коло
Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје 31-32 (12-17)
Ракометарите на Бутел го совладаа Еурофарм Пелистер 2 со 31-32 (12-17) во Битола, во првиот натпревар за двете екипи во плеј-офот. Неиграњето на четири стандардни ракометари ја скрати ротацијата на Јовиќ, па постојаниот лов на водството на Бутел не даде резултат.
Чаневски беше одличен. скопјани одлично го отворија натпреварот и многу брзо стигнаа до четири позитива (1-5). Оваа разлика успеваа да ја држат во текот на целото прво полувреме, а на пауза заминаа со предност од 12-17. Долго време се играше по иста инервција и во вториот дел. Сепак, со смена на одбраната и серија 5-1, Еурофарм Пелистер 2 се доближи до -1. На четири секунди до крајот битолчани имаа напад за еден бод, но Павле Атанасијевиќ не упати удар и дуелот заврши со победа на Бутел Скопје со 31-32.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Еурофарм Пелистер 2:
Трајковски, Ристевски, Јовановски, Кузманоски 4, Николовски, Буторац 2, Павле Атанасијевиќ 6, В. Димитровски 1, Митревски, Талевски 2, Петар Атанасијевиќ 3, Ѓорговски 4, Белистојановски, Ѓукиќ 5, Блажевски 1, Арсеновски 3
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 2 минути
Бутел Скопје:
Чаневски, Цветковски, Спасовски, Андревски, Стојановски, Ѓеоргиевски 4, Митев 2, Бојан Спасовски, Мојсоски 7, Стојчевиќ, Блажески, Јевтиќ 4, Василевски 1, Мајиќ 7, Тот 7, Давитковски
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 8 минути
Следниот викенд се играат натпреварите од Купот на Македонија, а Еурофарм Пелистер е носител и фаворит во четвртфиналната група во Битола.