РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека клубот Татабања од Унгарија нè информира дека е подготвен да ја плати откупната клаузула од договорот на ракометарот Матео Мараш, кој има активен договор со нашиот клуб.
По комплетирањето на трансакцијата и на истекот од тековната сезона, договорот може да биде комплетиран, почнувајќи од сезоната 2022/23.
РК Еурофарм Пелистер се заблагодарува на унгарскиот клуб за професионалниот пристап и на ракометарот за спортскиот ангажман.