СЕХА Гаспром лигата ги објави најдобрите пет голови во месец февруари, првиот месец од натпреварувањето оваа сезона.
Претставник од Еурофарм Пелистер е Матео Мараш со голот од девет метри во натпреварот против Партизан, кој битолчани го добија во Белград.
Првиот домашен натпревар во СЕХА Гаспром лигата, Еурофарм Пелистер ќе го одигра против Татран Прашов на десетти март во 18:00 часот.