Европската ракометна федерација ги номинираше српските судии Ненад Николиќ и Душан Стојковиќ за делење на правдата на последниот натпревар од групата Д на ЕХФ Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и АЕК Атина. Натпреварот ќе се игра во вторник (осми март) од 18:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Делегат на натпреварот ќе биде Леополд Калин од Словенија.
Два часа подоцна се играат натпреварите Спортинг - Ним и Кадетен Шафхаузен - Татабања. Од исходот на овие три натпревари ќе се знае расплетот и екипите кои ќе продолжат да се натпреваруваат во елиминационата фаза на ЕХФ Лига Европа.