Еурофарм Пелистер борбено се презентираше во Европската лига, но загуби на гостувањето кај Татабања во вчерашниот натпревар со 25-21 (11:11).
Десниот бек Марко Радовиќ на овој натпревар постигна два гола, а еден од нив заслужено се најде во ТОП 5 гола на колото.
Во последното десетто коло од групната фаза Еурофарм Пелистер наредната недела го пречекува грчкиот тим АЕК Атина во Битола.