Татабања - Еурофарм Пелистер 25-21 (11-11)
Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер поразен се враќа од гостувањето во Унгарија кај Татабања, во натпреварот од деветтото коло од групата Д на ЕХФ Лига Европа. Битолчани загубија со 25-21 и сега пласманот во следната фаза ќе мора да го осигураат во последното коло, бидејќи двата останати денешни натпревари завршија со драма. АЕК Атина го победи Спортинг, а Ним и Кадетен Шафхаузен играа без победник.
Без Табоада, Велковски, Обрадовиќ и Маркоски во составот, симултанка играше Стипе Мандалиниќ, кој постигна десет гола, а по три впишаа Маџовски, Граѓан и Периќ. Кај противникот Сунајко постигна осум, Ѓор имаше седум од седум.
Еурофарм Пелистер остана на 10 бода, а во последното коло, идната недела, „пелистерци“ ќе имаат можност да го сочуваат второто место во групата Д со реми или победа на дуелот против АЕК во Битола.