Утрово со лет за Виена и потоа автобуски превоз до Татабања, експедицијата на Еурофарм Пелистер пристигна на последното гостување во групната фаза на ЕХФ Лига Европа. Екипата на Жељко Бабиќ ќе гостува кај веќе испадната Татабања, но екипа која бара посветеност и респект, бидејќи во своите редови има искусни ракометари.
Битолчани во Унгарија допатуваа без Табоада, Обрадовиќ и Велковски, па нема да биде лесно да се обезбеди широка ротација во тимот. Сепак, со скратен ростер пелистерци одиграа и против Ним и против Кадетен Шафхаузен, па не разочараа.
Попладнево битолчани го одработија првиот тренинг на унгарско тло, а утре во 10:00 часот ги чека уште една тренинг-сесија.
Натпреварот меѓу Татабања и Еурофарм Пелистер се игра утре од 18:45 часот, а ќе судат косовските судии Ердоам и Арсим Витаку.