Двата битолски суперлигаши, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 се носители и дел од првиот шешир пред утрешната ждрепка на четвртфиналните групи на Купот на Македонија. Ждрепката ќе се одржи напладне во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
Куп на Македонија
четвртфинални групи:
шешир 1: Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Бутел Скопје, Вардар 1961
шешир 2: Тиквеш, Охрид, Пролет, Струга
шешир 3: Прилеп, Металург, Скопје, Алкалоид
шешир 4: Голден Арт, Јуниор КВ, Драчево, Аеродром
Четврфиналните групи ќе се играат на 12 и 13 март, а завршниот турнир е закажан за 14 и 15 мај.