Ракомет – Суперлига (22. коло)
Охрид – Еурофарм Пелистер 2 25-28 (15-15)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 со триумф од 25-28 против Охрид го завршија регуларниот дел од македонското првенство и се искачија на третата позиција на табелата, откако Бутел ремизираше против Пролет (25-25). Иако Јовиќ се соочи со многу проблеми и заради повреди не настапија Петровиќ, Стоилевски и Иван Димитровски, сепак го надигра Охрид среде „Биљанини извори“ и победата им ја подари на „Чкембарите“, кои ја испратија и бодреа екипата и на ова гостување.
Посебно расположен беше Емилијан Ѓорговски, автор на девет гола.
Спортска сала „Биљанини извори“ - Охрид
Гледачи: 1.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски
Охрид:
Брауновиќ, Ацев, Андоноски 1, Кривокапиќ 4, Костов, Николов 3, Шилегов 7, Ковачески, Шулески, Младеновиќ 3, Никола Ристески, Тасески 3, Грубор 2, Манасков, Ивановски 1, Николче Ристески 1
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Ристевски, Кузманоски 4, Буторац, Павле Атанасијевиќ 5, В. Димитровски 1, Митревски, Талевски, Петар Атанасијевиќ, Ѓорговски 9, Белистојановски, Мицески, Ѓукиќ 5, Блажевски, Арсеновски 4
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 8 минути
Следниот викенд се играат натпреварите од четвртфиналната група на Купот на Македонија, а потоа следи разигрувањето за титулата и финалните десет кола.