Еурофарм Пелистер стигна до 27-26 (15-12) победа над швајцарскиот Кадетен во осмото коло на Европската лига на ЕХФ за да се зацврсти на второто место на табелата во групата Д во второто по ранг европско натпреварување зад францускиот Ним.
На прес-конференцијата по натпреварот говореа помошникот на Бабиќ, Божидар Мојсов и капитенот Јосип Периќ.
Божидар Мојсов
(помошник тренер на Еурофарм Пелистер)
Очекувавме тежок натпревар и без разлика на тоа што имавме многу проблеми, момците покажаа дека имаме карактер и заслужуваме да бидеме протагонисти во оваа Европска лига. Тимот одигра максимално, спроведе според договореното. Имавме план и тој план го реализиравме. Сите играчи одговорија на задачите, мора да им честитаме на нивната игра. Уште еднаш покажаа дека се вистински шампиони.
Јосип Периќ
(капитен на Еурофарм Пелистер)
Одигравме една вистинска шаховска партија. Физички, беше тежок натпревар, но мислам дека добро бевме подготвени и ментално и тактички. Го контролиравме натпреварот шеесет минути, покажавме добар карактер. Во последните минути нашиот голман беше клучен и ни донесе победа и бодови. Демонстриравме дека сме добар тим и дека растеме од меч во натпревар.
Пелистерци имаат еден слободен ден и од четврток почнуваат да го подготвуваат дуелот против Прилеп во Суперлигата,