Еурофарм Пелистер - Кадетен Шафхаузен 27-26 (15-12)
Еурофарм Пелистер оствари важна победа во осмото коло од Европската ракометна лига, со 27-26 (15-12) против Кадетен Шафхаузен, пред своите гледачи, во Битола.
Иако гостите почнаа подобро и водеа со 4-6 по десетина минути игра, почна да функционира одбраната на пелистерци и работите почнаа да се менуваат. Швајцарците не постигнаа гол во следните пет минути, а до 17. минута Еурофарм Пелистер направи серија од 5-1.
На крајот од првиот дел, резултатот застана на 15-12, па задачата беше само да се одржи таа предност во вторите триесет минути. Кадетен Шафхаузен притисна и во прв момент изедначи на 17-17, но Еурофарм Пелистер ја врати контролата предводен од Периќ и Табоада во нападот. Кога поведе со 26-22 во 54. минута изгледаше дека работите се готови, но Швајцарците имаа завршен налет со серија од 3-0. Најдобриот поединец на мечот, Јосип Периќ на минута до крајот постигна гол за победа и одушевивање на битолчани.
Најдобар на натпреварот беше Периќ со седум гола, Табоада додаде пет, исто колку и Мандалиниќ. Следниот вторник Еурофарм Пелистер гостува во Унгарија против веќе испаднатата Татабања.