Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од седмото коло во ЕХФ Лига Европа. Правдата на дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Кадетен Шафхаузен ќе ја делат Томислав Циндриќ и Роберт Гонжурек од Хрватска.
Делегат на двобојот што ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ утре со почеток во 18:45 часот, ќе биде Словакот Владимир Ранчик. Првиот натпревар на овие две екипи, кои имаат ист број на бодови на три кола до крајот на групата Д, заврши без победник 28-28.
Во рамките од осмото коло на групата на Еурофарм Пелистер утре играат АЕК Атина - Ница и Спортинг Лисабон - Татабања.