Ним - Еурофарм Пелистер 25-23 (13-12)
Во својот седми натпревар од групата Д од ЕХФ Лига Европа, екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето од Ним со 25-23. По пауза од четири месеци македонскиот вицешампион ја вкуси горчината на поразот.
Еурофарм Пелистер се покажа како еден достоен и цврст противник, водеше во поголемиот дел од првото полувреме имаше највисоки „плус три“ позитива (8-5). Македонскиот тим го врати водството во вториот дел, но тоа не траеше долго, Французите повторно поведоа и го контролираа мечот до самиот крај.
Најефикасен на средбата беше домашниот ракометар Санад со десет погодоци, додека кај Пелистер одлична вечер имаше Граџан со седум гола. Табоада го следеше со пет, а Мандалиниќ застана на четири постигнати погодоци. Еурофарм Пелистер натпреварот го одигра без Периќ, Мараш, Обрадовиќ и Радовиќ, а иако беа во протоколот поради очигледни проблеми не настапија ниту Ојлески и Божиќ Павлетиќ.