Неделава се враќаат на сцена европските натпревари на ЕХФ. Во рамките од седмото коло на ЕХФ Лига Европа, Еурофарм Пелистер утре попладне гостува во Франција против тимот на Ним. Ова е второ соочување на двете екипи, откако пред четири месеци Ним извојува победа во „Боро Чурлевски“ и до денес единствен однесе цел плен од домот на пелистерци.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше словачките судии Борис Мандак и Марио Рудински да ја делат правдата на дуелот кој се игра во вторник (15 февруари - 18:45 часот). Овие судии веќе им судеа на битолчани минатата недела во првиот натпревар од групната фаза на СЕХА Гаспром лигата против Партизан во Белград.
Делегат на натпреварот е Хрватот Синиша Рудиќ.