Ракомет – Суперлига (20. коло)
Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 32-20 (19-11)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 загубија од Вардар 1961 со 32-20, во дуелот од 20. коло на Суперлигата и само го одложија математичкиот влез во плеј-офот. Првакот со моќен почеток брзо се одлепи и не дозволи екипата на Јовиќ да парира и да биде конкурентна како на првиот дуел.
Неиграњето на Димитар Димитриоски, Иван Димитровски и Никола Стоилевски и тоа како се почувстува, а и нереализацијата на три седмерци во раната фаза не им дозволи на битолчани да влезат во рамноправен дуел со фаворитот.
Спортска сала „Јане Сандански“ - Скопје
Гледачи: 200
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Вардар 1961:
Томовски, Ристовски 1, Стоилов 2, О. Њокас 4, Валчак 2, Моралес 4, Георгиевски, Карапалевски 1, Савревски 1, Тото 2, Талески 3, Дибиров 7, Крстевски, Ѓукиќ 2. Атанасовски, Ќосевски 3
Седмерци: 4/4
Исклучување: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Ристевски, Буторац 3, Пав. Атанасијевиќ 2, В. Димитровски, Мирчевски, Митревски 1, Петровиќ 4, Талевски 1, Пет. Атанасијевиќ 2, Ѓорговски 1, Белистојановски, Ѓукиќ 1, Блажевски 1, Арсеновски 4
Седмерци: 4/1
Исклучувања: 4 минути
Во следното коло Еурофарм Пелистер 2 го пречекува Радовиш и со победа и математички ќе го осигура местото во плеј-офот.