Ни причинува особено задоволство да ги информираме сите наши приврзаници и навивачи за уште едно бундеслигашко засилување во нашите редови. РК Еурофарм Пелистер постигна договор со словенечкиот интернационалец Урбан Лесјак. Искусниот 31-годишен голман од следната сезона ќе го брани голот на нашиот клуб, откако веќе го потпиша двегодишниот договор. Лесјак од 2018 година ги брани боите на Хановер, а својата играчка кариера ја започна во Целје Пивоварна Лашко, клуб за кој настапуваше од 2010 до 2018 година.
Дресот на словенечката репрезентација го носел 58 пати, а најголем успех му е освојувањето на бронзениот медал на Светското првенство во Франција 2017 година.
Официјалното претставување на Лесјак во Битола предвидено е пред почетокот на натпреварувачката сезона 2022/23.