Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер со победа од 23-25 на гости кај српскиот Партизан ја стартуваше новата сезона во регионалната СЕХА лига. Тренерот Бабиќ ротираше, им даде шанса на оние кои играат помалку и се обиде да ги остави свежи силите за дуелите со Бутел и Ним.
Капитенот Јосип Периќ со три гола и осум асистенции пак беше меѓу најдобрите актери на средбата.
„Задоволни сме што победивме, бидејќи дојдовме по два бода и ја остварвме цела. Задовоство беше да се игра во ваква атмосфета и секоја чест за домашните фанови и за нашите наввачи кои дојдоа од Битола. Без нив овој натпревар немаше вака добар и немаше да бидеме вака мотивирани. Екипата на Партизан нè намачи, но сепак ние сме поискусни и заслужено славевме“, вели капитенот на пелистерци.
В среда попладне од 19:00 часот ракометарите на Еурофарм Пелистер гостуваат кај Бутел Скопје во рамките од 19. коло на Суперлигата.