Еурофарм Пелистер со победа над Партизан од 23-25 ја започна новата СЕХА-сезона, а тренерот Жељко Бабиќ даде коментар на натпреварот.
Хрватскиот стратег особено им се заблагодари на навивачите кои пристигнаа во Белград за да го бодрат својот тим.
„Убаво е да се игра во Белград, посебно во ваков амбиент. Секоја чест за нашите навивачи кои дојдоа и ни направија да се чувствуваме како дома. Тоа не е мала работа. Што се однесува до натпреварот, мислам дека одлучи нашата дефанзива и смиреност. Кога противникот се доближи и изедначи, ние ја покажавме нашата зрелост и заслужено победивме“, смета тренерот на битолчани.
Екипата на Еурофарм Пелистер има позитивна серија од 17 натпревари во сите натпреварувања. Последен тим кој ги совладал момците на Бабиќ е Ним на почетокот на октомври минатата година.