b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_02_seha_partizan.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победа ја започна сезоната во СЕХА, тимот од Битола запиша победа против Партизан во Белград со 25-23. Битолчани имаа силна поддршка од своите навивачи во Белград, поголема група на „Чкембари“ ги бодреа на оваа средба на која играчите на Еурофарм Пелистер им вратија со победа.

Еурофарм Пелистер имаше повеќе концентрација, искуство и квалитет и во финишот заслужено стигна до победа.

Матео Мараш со седум гола беше најефикасен кај Еурофарм Пелистер, Граџан запиша пет гола од пет шута, Рајнер Табоада мечот го заврши со четири гола.

Ракомет – СЕХА Гаспром лига
А група (Прво коло):

Партизан – Еурофарм Пелистер 23-25 (10-13)

Спортски центар „Вождовац“ - Битола
Гледачи: 1.500
Судии: Борис Мандак и Марио Рудински (Словачка)

Партизан:
Трнавац, Чоловиќ, Радовановиќ 1, Живковиќ, Писариќ 4, Радивојевиќ, Варга, Стојановиќ, Ивановиќ 3, Којадиновиќ 3, Зечевиќ 5, Мандиќ, Мичиќ, Поповиќ 2, Максиќ 5, Петриќ
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 2 минути

Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 7, Ојлески 1, Маџовски, Кукуловски, Мандалиниќ, Танкоски, Периќ 3, Костески 1, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 3, Граџан 5, Обрадовиќ 1, Табоада 4
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 14 минути

Во второто коло од СЕХА лигата битолчани следниот месец го пречекуваат Татран Прешов.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723