В понеделник попладне Еурофарм Пелистер ја почнува својата трета сезона по ред во СЕХА лигатам, вкупно единаесетта во историјата на натпреварувањето. Битолчани гостуваат кај Партизан во Белград, што е прво официјално соочување на двете екипи по три децении.
Репрезентативното крило Бојан Маџовски верува дека битолчани спремни ја дочекуваат оваа епизода од регионалното натпреварување.
„Партизан за нас е непозната екипа, но добар тест за европските натпревари. Можам да кажам дека имаме добар ритам и на добар пат сме и целиме на полуфинале во СЕХА лигата годинава“, смета Маџовски.
Во оваа група А на единаесеттата сезона на СЕХА лигата уште партиципираат ППД Загреб и Татран Прешов, прваците на Хрватска и Словачка, кои се противници на македонскиот вицешампион следниот месец.