Ракомет – Суперлига (18. коло)
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 24-22 (10-13)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 загубија од Тиквеш со 24-22 во дербито на 18. коло во ракометната Суперлига. Битолчани водеа до 50. минута, кога при 20-20 затаи шутот и со серија на технички грешки му дозволија на домаќинот да направи пресврт.
Домаќините не ги чинеа ниту четирите промашени пенали и со одлична игра во финишот на мечот успеаја да стигнат до полн плен. Битолчани настапија без Иван Димитровски и Никола Стоилевски, а повторно најефикасни во тимот на Јовиќ беа Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски со по пет погодоци.
Спортска сала „Јасмин“ - Кавадарци
Гледачи: 1.000
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски
Тиквеш:
Стојаноски 1, Панов, Лазов, Дрогришки 3, Темелковски 4, Велков, Иванов, Стефановски 2, Гошевски, Милков, Кондев 6, Окардов, Коцев 2, Симиќ 4, Јанчев 1, Трпчевски 1
Седмерци: 4/0
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Ристевски, Буторац 1, Ѓукиќ 3, Арсеновски 2, Талевски, Блажевски, В. Димитровски 1, Димитриоски 1, Пет. Атанасијевиќ 2, Пав. Атанасијевиќ 5, Петровиќ 5, Кузманоски 2, Митревски, Табакоски, Мирчевски
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 8 минути
Во следното 19. коло Еурофарм Пелистер на домашен терен ја пречекува екипата на Струга на деветти фебруари.