Охриѓанецот Мартин Ивановски од наредната сезона ќе го облече дресот на Еурофарм Пелистер 2. Ивановски е ракометар кој игра на позиција среден бек. Мартин настапува за тимот на Охрид, а во 2015 година беше дел и од ракометниот камп на Веспрем.
Тој се обврза на договор со Еурофарм Пелистер 2 со важност од 1 јули 2022 година.
Ивановски во неколку наврати беше повикуван и на поширокиот список на македонската ракометна репрезентација