Членовите на стручниот штаб на РК Еурофарм Пелистер, Божидар Мојсов и Ице Соколески се стекнаа со највисоката ракометна лиценца, ЕХФ Мастер Коуч.
Како дел од шестдневниот семинар во Врњачка бања, во организација на ЕХФ и Српскиот Ракометен Сојуз, двајцата македонски тренери го завршија својот завршен модул.
Покрај одбраната на темите, на семинарот свои предавања на неколку теми имаа Марко Исаковиќ, Жолтан Марчинка и Владимир Копривица.
РК Еурофарм Пелистер им честита на Мојсов и Соколески за остварувањето на професионалната цел - ЕХФ Мастер коуч лиценцата.