Почетокот на новата 2022 година носи почеток и на регионалната СЕХА Гаспром лига. Веќе се дефинирани и двете групи, по четири екипи, кои ќе се играат во првата фаза од натпреварувањето. Еурофарм Пелистер е сместен во А групата, заедно со Партизан (Србија), Татран Прешов (Словачка) и ППД Загреб (Хрватска).
Во групата Б се Вардар 1961 (Македонија), Нексе Нашице (Хрватска), Војводина (Србија) и Мотор (Украина). Екипите на Мешков Брест (Белорусија) и Веспрем (Унгарија) ќе се приклучат во натпреварувањето директно во четвртфиналето.
Термините за натпреварите од групната фаза ќе бидат познати во следните неколку дена.