Втор пласман во плеј-офот по ред би бил идеално сценарио за младиот тим на Еурофарм Пелистер 2. Александар Јовиќ смета дека работата уште не е завршена, но младите ракометари од Битола се на добар пат.
„Денес ги започнавме подготовките и имаше уште шест кола од вториот дел на полусезоната. Треба добро да ги одработиме овие дваесеттина дена и спремни да ги дочекаме дуелите во кои треба да верификуваме место во плеј-офот. Мојата екипа на секој натпревар ќе игра на победа.
Огромна сатисфакција и на клубот и нашето семејство е големиот број репрезентативци и на сите им посакувам успешно првенство, а на нашата селекција достојно претставување“, смета Јовиќ.
Еурофарм Пелистер 2 презими на четвртото место, веднаш зад Вардар 1961, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје.