Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 од Битола денес ги започна подготовките за вториот дел на сезоната 2021/22. Александар Јовиќ попладнево прозиваше во спортската сала „Боро Чурлевски“. Од неговиот стандарден ростер недостигаат репрезентативците Трајкоски и Кузманоски.
„Денес ги започнавме подготовките и имаше уште шест кола од вториот дел на полусезоната. Треба добро да ги одработиме овие дваесеттина дена и спремни да ги дочекаме дуелите во кои треба да верификуваме место во плеј-офот. Мојата екипа на секој натпревар ќе игра на победа. Огромна сатисфакција и на клубот и нашето семејство е големиот број репрезентативци и на сите им посакувам успешно првенство, а на нашата селекција достојно претставување“, истакна Јовиќ по првиот тренинг.
Тренерот на Еурофарм Пелистер 2 најави два теста со македонски суперлигаши на крајот на месец јануари. Цел на екипата останува пласман во плеј-офот, што по залихата која ја имаат од есенските кола треба да биде лесно остварлива.