Се сеќавате ли на плишаните мечиња кои долетаа на парткетот во спортската сала „Боро Чурлевски“ на полувремето натпреварот против Вардар 1961?
РК Еурофарм Пелистер ја реализира својата хумана акција која предизвика голем интерес и хуман одговор од нашите симпатизери и навивачи. Нашите ракометари и членови на клубот ги поделија мечињата во Домот за доенчиња, Заводот за децата со оштетен слух, говор и глас „Кочо Рацин“, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ и детската градинка „Снегулка“ во Битола.
Клубот и во иднина ќе реализира хуманитарни акции и со своите дела ќе ги потенцира вистинските вредности во животот.