Со денешниот пладневен собир на македонската машка ракометна репрезентација во Скопје и официјално почнува операцијата „Европско првенство 2022“, кое од 13 до 30 јануари треба да се одржи во Унгарија и во Словачка.
На списокот од 25 имиња повикани се ракометарите на Еурофарм Пелистер: Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Марко Кизиќ, Никола Маркоски, Мартин Велковски и Ненад Костески и ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Цветан Кузманоски. Во стручниот штаб на репрезентацијата се наоѓа и тренерот на голманите на Еурофарм Пелистер, Ице Соколески.
По собирот репрезентацијата замина за Маврово, каде што ќе биде одработен првиот дел од подготовките. Пред шампионатот Македонија ќе одигра по две пријателски средби, со Кувајт во Маврово (на 27 и на 29 декември), а со Израел во Скопје (на 3 и на 4 јануари 2022).