Еурофарм Пелистер е доминантен клуб во изборот на селекторот Кирил Лазаров за Европското првенство во Словачка и Унгарија. Покрај шест повикани ракометари на Еурофарм Пелистер и еден на Еурофарм Пелистер 2 на скратениот список за подготовки, дел од стручниот штаб на македонската репрезентација ќе биде и Ице Соколески, како тренер на голманската тројка: Митревски, Томовски и Кизиќ.
Соколески е дел од стручниот штаб на Лазаров, заедно с Ацо Јоновски, Филип Миркуловски, Бранислав Ангеловски и Билјана Црвенкоска.
Македонија на Европското првенство ќе биде дел од групата А во Дебрецен и ќе игра против Данска, Црна Гора и Словенија.