Екипата која собра најмногу симпатии оваа Суперлигата сигурно е битолски Еурофарм Пелистер 2. Самата победа над Вардар 1961 во Битола, двете победи над Пролет, двете над Металург кажуваат дека момците на Јовиќ созреаја за големи дела. Павле Атанасијевиќ е презадоволен од оствареното во полусезоната која викендов заврши.
„Тешки беа овие шеснаесет натпревари. Имавме цел за исполнување, сите натпревари беа тешки и борбеноста и тимскиот дух беа видливи. Каде е мојата заслуга тука? Тимот го прави играчот, тоа имам само да порачам.
Мислам дека имаме шанси да излеземе во Европа, но има уште многу од шампионатот и плеј-офот, па ќе видиме колку можеме“, смета Атанасијевиќ.
Овој кадет се најде честопати и на спкисокот на селекторот на македонската сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, што најдобро говори за неговиот прогрес во кариерата.