Вторпат оваа сезона Еурофарм Пелистер 2 забележа победа во пелагониското дерби против Прилеп. Победата од 34-26 заокружува одлична мини-серија од три победи по ред за крај на полусезоната. Тренерот Јовиќ е задоволен од сработеното, што е дури и подобрување за разлика од минатата есен.
„Овој прв дел од шампионатот можам да го окарактеризирам како позитивен. Имавме одлични натпревари и на домашен и на гостински терен. Самата победа против двократниот европски шампион говори сама за себе. Имаме огромен потенцијал во оваа екипа, треба да продолжиме да работиме, да се подготвиме добро, да направиме добри припреми и да влеземе максимално спремни во доигрувањето на првенството. Целта е да обезбедиме плеј-оф. Мислам дека со овие досегашни натпревари тоа го заслуживме.
Имаме добар спој на млади иискусни играчи. Ме радува што имаме добра атмосфера. Немаме поделба во екипата и сите дишеме заедно. Со макотрпна работа лимитот на оваа екипа не може да се процени. Имаме голем потенцијал, ни треба време, многу работа и најважното многу трпение“, смета Јовиќ.
Подготовките за вториот дел на шампионатот ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ќе ги започнат на десетти јануари 2022 година.