Ракомет – Суперлига (16. коло)
Радовиш – Еурофарм Пелистер 25-34 (12-19)
Само два дена по натпреварот против Вардар 1961 во Битола, ракометарите на Еурофарм Пелистер се вратија во победнички колосек и го совладаа Радовиш со 25-34. Дуелот во СРЦ „25 мај“ беше неизвесен само десет минути. Потоа се разигра Костески, одбраната на битолчани лесни се справи со домаќините и до одмор се одлепи на +7.
По одморот се разиграа Кукуловски и Костески и предноста постојано беше околу десет разлика. На крајот без многу труд Еурофарм Пелистер извојува триумф од девет разлика. На овој дуел Ивановски се врати меѓу стативите, а слободен ден добија Секељи, Табоада, Радовиќ...
Спортска сала: „25 мај“ - Радовиш
Гледачи: 500
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески
Радовиш:
Паунов, Мицев, Јованов, Трајчевски 3, Долдуров 1, Постолов 3, Органџиев 4, А. Ристов. Марков, Стојановски 1, К. Ристов 3, Трајанов 4, Вујниќ 6, Костадинов
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер;
Ивановски, Кизиќ, Мараш 2, Ојлески 4, Маџовски, Кукуловски 4, Мандалиниќ 4, Танкоски 2, Ризоски, Периќ 1, Костески 9, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 5, Граџан 3, Обрадовиќ
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 4 минути
Следи неколкунеделна пауза од тренинзи, а по Божиќните празници ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе се вратат во тренажен процес. Првите официјални натпревари во новата година предвидени се кон средината на февруари во рамките на ЕХФ Лига Европа.