Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров денес го скрати списокот на 24 ракометари со кои ќе се подготвува за настап на претстојното Европско првенствo. Во изборот на селекторот се најдоа шестмина интернационалци, додека преостанатите се од домашното првенство.
Повикани се шест ракометари на Еурофарм Пелистер (Кизиќ, Маџовски, Никола Маркоски, Костески, Велковски и Ојлески) и еден на Еурофарм Пелистер 2 (Кузманоски).
Повикани ракометари за подготовките за настап на Европското првенство 2022:
Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Михајло Младеновиќ, Филип Миркуловски, Марко Мишевски, Игор Ѓоргиев, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Марко Митев, Горан Крстевски, Костадин Петров, Христијан Симоноски, Кирил Лазаров.
Македонските ракометари на Европското првенство се во група со Данска, Словенија и Црна Гора, а натпреварите ќе ги игра во Дебрецин. Прв противник на избраниците на Лазаров ќе биде Словенија на 13 јануари.