b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_12_rtghjhgfd.jpg

Ракомет – Суперлига (15. коло)
Пролет – Еурофарм Пелистер 2 29-32 (15-16)

По трите натпревари без победа, Еурофарм Пелистер 2 во вистински момент впиша две победи во четири дена и се доближи до разигрувањето. По победата над Металург во Битола, момците на Александар Јовиќ го победија Пролет во спортската сала „Македонско сонце“ во Скопје со 29-32, откако водеа скоро во цел натпревар.

Посебно инспириран беше крилото Цветан Кузманоски, автор на десет погодоци.

Спортска сала „Македонско сонце“ - Скопје
Гледачи: 200
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви

Пролет:
Петковски 1, Цветковски, Аларов 4, Манев, Пецаковски, Јовановски, Додевски 1, Димов 1, Андоновски 3, Џонов 3, Мајнов 1, Димовски, Крстески, Голубовиќ 6, Палевски 8, Пејовиќ 1
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 12 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски 1, Ристевски, Кузманоски 10, Буторац, Пав. Атанасијевиќ 1, В. Димитровски, Петровиќ 4, Димитриоски 1, И. Димитровски, Стоилевски 3, Талевски, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 6, Ѓукиќ, Блажевски, Арсеновски 5
Седмерци: 7/7
Исклучувања: 14 минути

Во 16. коло, последно годинава, в недела од 16:00 часот Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе го пречека Прилеп.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723