Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 27-27 (13-17)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 2.000
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
Пред убава атмосфера во салата „Боро Чурлевски“ и навивачки групи и на двата тима, се одигра вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар кое заврши нерешено (27-27). Натпреварот почна изедначено, се играше гол за гол, a кон средината на првото полувреме Вардар почна да се одлепува. На одморот скопскиот тим имаше предност од 17-13.
Во поголемиот дел од второто полувреме Вардар го одржуваше водството но падна во последните десет минути. Еурофарм Пелистер полека почна да ја топи негативата и на крајот дури и направи пресврт, дојде до водство од 27-26.
Вардар погреши во нападот за изедначување, но домашните ракометари погрешија, pa вардарци ја освоија топката и имаа уште неколку секунди за напад. На три секунди до крајот беше досуден пенал за Вардар по фаул врз Гаџа кој го реализираше Дибиров за конечен резултат од 27-27.
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 2, Маџовски, Ојлески, Кукуловски, Мандалиниќ 7, Танкоски, Периќ 5, Костески, Кукоски, Велковски 2, Божиќ Павлетиќ 1, Граџан 4, Обрадовиќ 6
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 4 минути
Вардар 1961:
Ристовски, Томовски, О. Њокас, Стоилов, Моралес 4. Георгиевски, Карапалевски, Тото 6, Гаџа 8, Талевски 5, Дибиров 4, Крстевски, Ѓукиќ, Атанасовски, Мишевски
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 6 минути