Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа од 22-31 на гостувањето во Струга и на тој начин се загреаја за дербито против Вардар кое треба да се одигра во текот на следната седмица во Битола. Иако настапија беџ Табоада и Периќ, избраниците на Жељко Бабиќ доминираа во текот на сите шеесет минути против мотивираните стружани.
Хрватските интернационалци и одличниот Секељи ја влечеа битолската екипа. По 3-4 разлика во првиот дел, на почетокот од продолжението пелистерци се одлепија на 20-26 и победникот беше решен. Помалата ротација ги казни стружани и на крајот беа убедливо поразени со 22-31.
Ракомет – Суперлига (14. коло)
Струга – Еурофарм Пелистер 22-31 (13-17)
Спортска сала „Нико Нестор“ - Струга
Гледачи: 300
Судии: Методија и Михајло Илиевски
Струга:
Матовиќ, Маркоски 1, Јанкоски 2, Крстаноски, Пајковски, Ѓорѓиевски 5, Јанкуловски 2, Ферукоски, Стојаноски, Барјактаревиќ 5, Дукоски, Кастратовиќ 4, Стрезоски, Костоски, Цветаноски 2, Раткушиноски 1,
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Секељи 1, Кизиќ, Мараш 4, Ојлески, Маркоски, Маџовски 2, Кукуловски, Мандалиниќ 4, Радовиќ 1, Танкоски 3, Костески 2, Кукоски 2, Велковски 1, Божиќ Павлетиќ 5, Граџан 2, Обрадовиќ 4
Седмерци: 3/2
Исклучување: 4 минути
Божиќ Павлетиќ постигна пет гола за гостите, а веднаш зад него беа сонародниците Мандалиниќ и Мараш со по четири гола. Кај Струга расположени за игра беа Ѓоргиевски и Барјактаревиќ со по пет гола.
Во следното 15. коло, в среда во Битола гостува првакот Вардар 1961.